Лидија Такач – блондинката во униформа што го разгоре интернетот
Полицајката Лидија Такач од Србија за кратко време стана вистински хит на социјалните мрежи, откако јавноста ја нарече „најубавата полицајка во Србија“ – а некои дури и во целиот регион.
Нејзиниот Инстаграм профил брои повеќе од 165.000 следбеници, а Лидија редовно објавува фотографии – некогаш во полициска униформа, некогаш во разгорувачки летни комбинации.
View this post on Instagram
Провокативни фотки од море – фановите во транс
Во моментов, атрактивната полицајка е на летен одмор, а секојдневно споделува фотографии од плажа, кои наидуваат на илјадници реакции. Меѓу коментарите се читаат фрази како „Уапси ме“, „Нека ми пишува казна секој ден“, и други слични комплименти со доза хумор и восхит.
View this post on Instagram
Некои ја фалат, други ја осудуваат
Иако има огромна поддршка, Лидија не е поштедена од критики. Додека едни го бранат нејзиниот избор да биде горда на професијата и изгледот, други поставуваат прашања дали ваква експонираност ѝ доликува на припадничка на полицијата. Коментарите се движат од одушевување до скепса, но едно е сигурно – никој не останува рамнодушен.
Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).