Мислите дека започнувате ден со лесен и традиционален оброк, но нутриционистите предупредуваат: индустрискиот бел леб е всушност една од најштетните намирници во модерната исхрана.
Зошто белиот леб е штетен?
Современите експерти истакнуваат дека белиот леб:
-
Содржи „празни“ калории, без витамини и минерали
-
Предизвикува брз скок на шеќер во крвта, што води до дијабетес тип 2
-
Го забавува метаболизмот и придонесува за дебелеење
-
Содржи минимално влакна, што го нарушува варењето
-
Создава чувство на замор веднаш по појадокот
Грешките во комбинацијата
Најчеста грешка е комбинирањето на бел леб со индустриски намази, салами, преработено месо или маргарин. Појадокот тогаш станува вистински удар за телото: „Ако денот започнува со празен, нездрав оброк богат со шеќери – целиот ден телото работи во хаос,“ предупредуваат нутриционистите.
Заменете го белиот леб со поздрава опција
Експертите препорачуваат:
-
Интегрален леб – богат со влакна и подобар ефект на ситост
-
Овесна каша – природен извор на енергија и регулира шеќер во крвта
-
Јајца, јогурт, авокадо или семки – протеини и здрави масти за енергичен почеток
Заклучок: Бел лебот можеби е традиција, но не е добар избор за вашето здравје. Променете го појадокот и почувствувајте ја вистинската енергија!
Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).