Љупчо Балкоски: Ангажманот на музичарите и продуцентите на овој настан кој ќе биде низ цела Македонија е за пофалба

Фејсбук статус на Љупчо Балкоски – ВМРО Народна партија

Вчера започна музичкиот караван од Охрид, со истакнати македонски пејачи и пејачки под називот ,,Нема друга Македонија,, како продолжение на музичкиот караван ,,Македонијо во срце те носиме,,.

Ангажманот на музичарите и продуцентите на овој настан кој ќе биде низ цела Македонија е за пофалба. ВМРО – Народна партија превзеде кампања која сеуште трае ,,Слушајте Македонска Музика,, која што наиде на позитивен, но скриен прием кај музичарите, слушателите, медиумите, културните здруженија. Зошто? Можеби затоа што ќе се наштети на други Интереси и затоа што со ваква кампања Директно, ние самите го браниме Македонскиот Идентитет, без некои скриени намери.

А што прави Владата, односно Владеачката партија? Таа скриено подржувајќи, а на големо фалејќи се себеси, ќе ги искористи придобивките од еден добро организиран музички настан. Но, наместо ова да беше искористено во пролетно летниот период, таа намерно го препушти просторот на странски изведувачи каде што градоначалниците ни кажуваа дека тоа е преку спонзорирање од разни фирми. Меѓутоа, се платија огромни износи, кои во основа се сепак пари од македонските граѓани. За тоа имаше реакција деновиве и афирмираниот и популарен музичар Спасен Силјаноски, за која има подршка. Колкав ќе беше бенефитот ако тие средства се одобрија на македонски музичари и музичари од другите народи што се во Мекедонија. Тоа ќе претставуваше подршка и промовирање и за млади музичари и нови културни настани во државата. НО, без државна стратегија за равој на музичката култура, сите овие настани ќе бидат во склоп на кампањата на Власта за Локалните Избори и затоа сега започнува музичкиот караван за да се искористи точно, НЕ за национален, туку за Партиски интерес.

ИНТЕРЕСНО:  Христијан Мицкоски: На сите православни верници им упатувам искрени честитки со желби за здравје, радост и благосостојба во домовите

Музичкиот караван ,,Нема друга Македонија,, незаборавно ја испеа и длабоко се зачува во народот како народна патриотска песна, големиот пејач и патриот Војо Стојаноски. За Важноста на песната во македонскиот музички простор има пишувано и познавачот на македонските народни песни, музичарот, авторот и музичкиот организатор Благоја Здравковски. Преку неговиот ангажман се афирмира народната песна како култура што треба да ја знаат младите. А организаторот на музичките настани требаше да ги покани ( можеби и ги поканил, ако е така направил добра работа, немаме информација), синот и внуците на Војо Стојаноски, кои исто така се истакнати популарни музичари да учествуваат во новиот аранжман и спот на песната, како еден вид на благодарност на интерпретацијата на Војо Стојаноски, кој заедно со авторите на песната за музика Томислав Которчевиќ и за текст Милан Завков, направија оваа Песна да се слуша уште долго како народна песна.

Затоа, Слушајте ја и Сакајте ја Македонската песна и песните на народите во Македонија, тоа е дел од Културното творештво со кое ние се промовираме во Европа и пошироко.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО