Христијан Мицкоски: На сите православни верници им упатувам искрени честитки со желби за здравје, радост и благосостојба во домовите

Фејсбук статус на Христијан Мицкоски – Премиер на Македонија

Денеска го славиме големиот христијански празник Голема Богородица – ден исполнет со вера, духовна сила и заедништво.

Овој празник нè потсетува на вечните вредности на семејството, љубовта, жртвата и надежта, кои со векови го крепеле македонскиот народ.
На сите православни верници им упатувам искрени честитки со желби за здравје, радост и благосостојба во домовите.

Во истиот ден, со посебна почит им оддаваме признание и на нашите рудари, чиј труд е темел на индустрискиот развој и енергетската стабилност на државата. Вие, со вашата напорна и чесна работа, оставате трајна трага во изградбата на Македонија.

ИНТЕРЕСНО:  Богдан Илиевски: Ќе стане ли Шерифовиќ Градоначалник на Кавадарци?

Владата останува посветена на подобрување на условите за работа, безбедноста и достоинството на секој рудар, затоа што вашата жртва и ангажман се од национално значење.

Нека овој ден ни биде потсетник дека со вера, труд и заедништво ја градиме иднината на нашата татковина.

На сите православни христијани им посакувам благословена и мирна Голема Богородица, а на сите рудари – среќен и честит празник со желби за безбедна и плодна година.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО