„30 години од ‘Олуја’: Српската амбасада во Скопје предупредува – ‘не зборуваме за минатото, туку за иднината’“

Српската амбасада во Македонија потсети на страдањата на српскиот народ по повод 30-годишнината од хрватската воена операција „Олуја“, која ја нарече „најголемото етничко чистење во Европа по Втората светска војна“. Во соопштението, Амбасадата истакна дека за само неколку дена биле протерани повеќе од 250.000 Срби од Банија, Лика, Кордун и северна Далмација – делови од поранешната Република Српска Краина.

Се наведува дека бројот на жртви не е целосно утврден, но на списокот на загинати и исчезнати има 1.852 имиња. Освен човечките загуби, уништени биле над 25.000 куќи, 13.000 други објекти, 78 православни цркви и 181 гробишта.

Амбасадата потсети дека во 1991 година во Хрватска живееле над 580.000 Срби (12,2% од населението), додека според пописот од 2021 година, тој број е намален на само 123.892 (3,2%).

Во соопштението се истакнува контрастот меѓу Србија и Хрватска во однос на овој настан: „Додека Србија и Република Српска овој датум го обележуваат како Ден на сеќавање на настраданите и прогонетите Срби, во Хрватска тој се слави како ‘ден на победата’ – контраст што најболно сведочи за длабочината на трагедијата и предизвиците во процесот на вистинско помирување.“

ИНТЕРЕСНО:  Македонци, внимавајте во Солун: Нови блокатори за тркала – нема бегање без да платите казна!

Исто така, се посочува и на историскиот континуитет на страдања на Србите во Хрватска, вклучувајќи ги и злосторствата за време на Втората светска војна, особено логорот Јасеновац. Според Амбасадата, „Олуја не е изолиран настан, туку продолжение на историјата на обиди за бришење на српското присуство од тие простори. Таа е потсетник на трајноста на еден проект кој, и денес, се одразува низ молчење, негирање и системска дискриминација.“

На крај, се подвлекува дека Србија се залага за мир и стабилност во регионот, почитување на меѓународното право и искрено помирување. „Не зборуваме за ‘Олуја’ поради минатото, туку поради иднината. Без вистина, почит кон сите жртви и правда – не може да има вистинско помирување,“ стои во пораката.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО