Cмpт на одмор
Агрон Салиу (41), вработен во Основниот суд во Тетово, ненадејно почина вчера на плажата Шкемби во Каваја кај Драч, каде што бил на одмор со своето семејство.
Обиди за спасување
Сведоци велат дека присутните на плажата успеале двапати да го вратат во живот, пред да пристигне Брзата помош. За жал, и покрај напорите, трагедијата заврши со најлош исход.
Брзата помош доцнела
Според информациите на косовскиот весник „Експрес“, итната служба пристигнала дури по повеќе од еден час – кога веќе било предоцна за Салиу.
Семејство во шок
Агрон Салиу не боледувал од никаква хронична болест. Зад себе остави сопруга и две малолетни ќерки. Неговата ненадејна смрт ги потресе семејството, колегите и пријателите во Тетово.
Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).