Србија и Кина – „непоколебливи пријатели“: Вучиќ бара нови инвестиции од Си Џинпинг

Српскиот претседател Александар Вучиќ во Пекин се сретна со кинескиот лидер Си Џинпинг и ја искористи приликата да се заблагодари за големите инвестиции на Кина во Србија, како и да го информира за еден од најзначајните заеднички проекти – меѓународната железничка линија Белград–Будимпешта, која ќе биде пуштена во употреба за само 15 дена.

Вучиќ нагласи дека Србија и Кина се „непоколебливи пријатели“ и дека Си Џинпинг секогаш бил на страната на Србија, не само во економски аспект, туку и во здравствената и политичката сфера. Тој потсети дека трговскиот обем меѓу двете земји е на рекордно ниво благодарение на иницијативите на кинескиот претседател и Спогодбата за слободна трговија.

„Благодарност и за сите досегашни инвестиции на кинеските компании во Србија, како и за големите проекти кои веќе се реализирани. Испратив покана за уште поголеми вложувања во иднина,“ напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.

ИНТЕРЕСНО:  Студентите им порачаа на властите: „Се гледаме во петок!“ – Србија на нозе

Во рамките на неколкудневната посета на Пекинг, Вучиќ учествуваше и на големиот воен парад посветен на победата во Втората светска војна, на кој присуствуваа и други светски лидери. Таму тој имаше средба и со рускиот претседател Владимир Путин, со кого разговараа за ситуацијата во Босна и Херцеговина и за идните испораки на руски гас за Србија.

Собирот во Пекинг, кој ги обедини Си Џинпинг, Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, од западните аналитичари беше оценет како јасен сигнал за градење на нов антизападен светски поредок.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

#КОМЕНТАРИ

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО