Нова рунда во Брисел – Белград и Приштина повторно на маса

Во Брисел денеска ќе се одржи нова рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина под покровителство на Европската унија. Делегацијата на Србија, предводена од директорот на Канцеларијата на Владата за Косово и Метохија и главен технички преговарач, Петар Петковиќ, пристигна во белгиската престолнина синоќа.

Последниот состанок беше одржан на 10 јуни, кога атмосферата меѓу страните повторно беше напната. Косовскиот главен преговарач, Бесник Бислими, тогаш јавно го обвини Петковиќ за „лажни изјави“ по средбата. Бислими реагираше дека српската Канцеларија за Косово издала соопштение во кое тврдела дека Белград инсистирал на формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО) и презентирал план за намалување на тензиите – нешто што косовската страна го негира.

ИНТЕРЕСНО:  Ужас во Аспровалта: Експлодира плинска боца

На 10 јуни, специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот, Петер Соренсен, ги собра Петковиќ и Бислими на иста маса, што беше првпат тие да се сретнат лице в лице од декември 2024 година.

Очекувањата од денешната средба во Брисел се ниски, но ЕУ се надева дека барем ќе се постигне технички напредок во однос на имплементацијата на договорите и намалување на тензиите на терен.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

#КОМЕНТАРИ

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО