Грција во пеколна борба со пожарите: 15 пожарникари повредени, повеќе региони под закана

По целоноќна борба со пламените јазици, грчките пожарникари утрово продолжија со напорите за локализирање на големите пожари во Ахаија, во близина на Патра, на островите Закинтос и Хиос, како и околу Превеза. Портпаролот на противпожарната служба, Василис Ватракојанис, соопшти дека 15 пожарникари се повредени при интервенциите.

Со првите зраци на сонцето, 33 воздухоплови се вклучија во гаснењето на сите фронтови, а пожарите се напаѓаат и од копно. Денот се очекува да биде исклучително тежок поради најавениот висок ризик од нови пожари на голем дел од територијата на Грција.

ИНТЕРЕСНО:  Вучиќ: „Србија сакаат да ја видат слаба, но тоа нема да се случи“

Во текот на ноќта, во неколку региони беа испратени пораки за итна евакуација од бројот 112, предупредувајќи ги жителите да ги напуштат загрозените подрачја.

Огнената стихија веќе предизвика голема материјална штета – уништени се домови, деловни објекти и огромни шумски површини. Вистинскиот обем на штетата ќе се утврдува дополнително.

Според официјалните податоци, во гаснењето на пожарите се ангажирани 4.850 пожарникари, кои без прекин се борат со огнот на повеќе критични точки низ земјата.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО