Вучиќ и Додик во тајна средба – што кројат за регионот?

Српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград одржа средба со Милорад Додик, претседателот на Република Српска кој неодамна беше отстранет од функцијата. Српските медиуми јавуваат дека двајцата разговарале за „сите важни регионални прашања“, а Вучиќ на Инстаграм објави дека ова била „братска средба“ и дека разговорите ќе продолжат и следната недела.

Последната средба меѓу двајцата политичари се одржа на 14 август. Вучиќ, сепак, и во оваа прилика го нарече Додик „претседател“, иако Судот на Босна и Херцеговина на 18 август го потврди решението на Централната изборна комисија за одземање на неговиот мандат.

Според судската пресуда од почетокот на август, Додик е осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење јавни функции поради непочитување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница Кристијан Шмит. Неговиот правен тим побара казната да биде заменета со парична глоба – што судот на крајот и го прифати.

И покрај тоа, Додик не ја призна одлуката за прекин на неговиот мандат и остана на функцијата. ЦИК веќе закажа предвремени претседателски избори во Република Српска за 23 ноември. Дополнително, парламентот на Република Српска донесе одлука да организира референдум на 25 октомври, на кој граѓаните ќе одговараат дали ја прифаќаат пресудата на Судот и решението на ЦИК за одземањето на мандатот на Додик.

ИНТЕРЕСНО:  Ѓоковиќ со шокантна порака од Њујорк: „Србија е на граница на граѓанска војна“ – откри и зошто турнирот замина од Белград во Атина!

Република Српска е една од двете полуавтономни единици во Босна и Херцеговина според Дејтонскиот мировен договор, кој ја заврши војната од 1992–1995 година. Другата е Федерацијата Босна и Херцеговина, населена со Бошњаци и Хрвати. Договорот создаде заеднички државни институции – судство, армија, даночна администрација и безбедносни служби – и му додели широки овластувања на високиот претставник на меѓународната заедница, вклучително и право да носи закони и да разрешува функционери.

Во меѓувреме, Додик продолжува со меѓународни контакти. Денеска е во Москва, каде ќе се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Тој, инаку, осум пати се има сретнато со рускиот претседател Владимир Путин од почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

#КОМЕНТАРИ

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО