(Видео) Паника на небото: „Боинг“ со 273 патници принудно слета откако му се запали моторот

Огнена драма на летот од Грција

„Боинг 757“ на авиокомпанијата „Кондор ерлајнс“ со 273 патници и осум членови на екипажот, кој летал од грчкиот остров Крф кон Дизелдорф, морал итно да слета во Италија поради пожар на еден од моторите. Инцидентот се случил на надморска височина од речиси 11.000 метри, предизвикувајќи вистинска паника во кабината.

Патници испраќале последни пораки

Околу 20:00 часот по локално време, патниците забележале пламен што излегувал од десниот мотор, придружен со гласни звуци слични на експлозија. „Беше неверојатно ужасно. Веќе испратив пораки за збогум затоа што си реков: ’Сега е готово’“, изјавил еден од патниците.

Брза реакција на пилотите

Пилотите веднаш реагирале и го пренасочиле авионот кон аеродромот во Бриндизи, јужна Италија, каде што слетал безбедно во 20:15 часот – само 40 минути по полетувањето. Снимки од инцидентот, објавени на социјалните мрежи, покажуваат како моторот повремено исфрла пламен.

ИНТЕРЕСНО:  ТРАГЕДИЈА НА ПЛАЖА ВО ДРАЧ: Македонец (41) од Тетово пoчина пред семејството

Објаснување од авиокомпанијата

Од „Кондор ерлајнс“ потврдија дека дефектот бил предизвикан од „хемиска реакција во комората за согорување“ и проблем со снабдувањето со воздух во моторот. Според нив, патниците и екипажот во ниту еден момент не биле во реална опасност.

Сите патници следниот ден наутро биле транспортирани во Дизелдорф со друг авион.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО