Во своја објава на „Фејсбук“, поранешниот вицепремиер и министер Јани Макрадули упати иронична критика кон актуелната влада, обвинувајќи ја дека не ги исполнува ветувањата и дека нема капацитет да се справи со реалните проблеми во државата. Тој саркастично забележа дека наместо да решаваат суштински прашања, луѓето од власта пишуваат и разработуваат тези, како на некој универзитетски семинар.
Макрадули наброја неколку „тези“ што, според него, власта би можела да ги пласира за да си го оправда неработењето: од „оправданоста за застојот во евроинтеграциите со барање на гробот на Александар Македонски“, преку „анализа на тоа колку повеќе падови во РЕК, толку повеќе увоз“, па сè до „компаративна анализа на дивоградбите во Македонија и Албанија“.
Со иронија тој посочи и дека ваквите тези ќе бидат надополнети со „приказни за нарушени партнерски односи кога бројката 12 се претставува како 24“, како и со „скандинавски бајки за мали деца и големи гласачи“. На крај, Макрадули цинично заклучи дека останува уште само „Шангајската листа на апарати“ за сликата за власта да биде целосна.
Со ваков саркастичен тон, поранешниот министер испрати порака дека Владата повеќе се занимава со манипулации и реторички конструкции отколку со вистински решенија за проблемите на граѓаните.
*Фејсбук објава на Јани Макрадули
Полека станува јасно зошто оваа Влада, ниту ги исполнува ветувањата, ниту знае како да се справува со реалните проблеми.
Ние помисливме дека се гоштеваат со папаји и манга, ама тие учеле, па разработувале тези, куцале на компјутер и го средувале печатењето. (Секако во ова ниту Бране не верува, уствари, хм?).
Затоа, во најскоро време да ги очекуваме и тезите:
– Оправданоста за застојот на ЕУ процесот со барање на гробот на Александар;
– Декласификацијата како опасност за паѓање на маските наречени жртви;
– Одредување на пропорцијата во случајот: колку повеќе падови во РЕК, толку повеќе увоз;
– Придонесот во олеснување да изградите софтвер, испрограмиран од градежна фирма;
– Компаративна анализа на дивоградбите во Македонија и Албанија, и зошто Албанија никогаш нема да влезе во ЕУ;
– Негативното влијание на тешките муабети во спектарот на бои, со посебен акцент на розовата боја;
– Опасност од нарушување на партнерските односи, кога реалната бројка 12, се претставува како 24;
– Скандинавски приказни за мали деца и големи гласачи.
После ова, Шангајската листа на апарати…
Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).