Учебници по странски јазици после 7 години! Што ново ќе донесе учебната 2025/2026?

Денеска училиштата во Македонија го означуваат почетокот на новата учебна 2025/2026 година, во која ќе се запишат вкупно 245 илјади ученици177.800 основци и 67.200 средношколци. Од Министерството за образование се доставени податоци за 17.250 првачиња и 17.230 ученици во прва година во средните училишта, но бројките се непотполни бидејќи училиштата сѐ уште ги испраќаат своите податоци. Наставата ќе трае до 10 јуни, со исклучок на матурантите, за кои редовните часови ќе завршат 15 мај.

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, истакна дека учебниците се обезбедени за сите ученици, а првпат по седум години ќе има и учебници по странски јазици. Таа рече:

„Втора учебна година по ред започнува со учебници за сите ученици. Целосно нови учебници има за седмо одделение во основното образование и за прва година во гимназиите, поради примената на нови наставни програми и најавувам дека овој процес на обнова на наставните содржини ќе има континуитет. Првпат после седум години, учениците ќе добијат и учебници по странски јазици – англиски, француски, германски и италијански јазик… сите се испечатени и над 90 проценти од тиражот е веќе испорачан.“

                                                                 

Јаневска исто така информираше дека во повеќе училишта се подобрени условите за настава, а инклузијата е зајакната преку зголемување на бројот на образовни асистенти, кои ќе можат да помогнат не само во основното, туку првпат и во средното образование.

ИНТЕРЕСНО:  УЖАС во Скопје: 27-годишен фатен со детска порнографија – падна по дојава од Германија!

Со новата учебна година ќе се воведе и нов електронски дневник, кој ќе овозможи наставниците да се најават и да пополнуваат податоци во секое време, со значително подобрени перформанси во однос на претходниот систем.

Исто така, наставата воведува примена на вештачка интелигенција, за што е подготвен сеопфатен прирачник за едукација на наставниците и учениците. Во него се дадени јасни инструкции за етичка и ефикасна примена на новите технолошки алатки за образовни цели, со цел AI да се користи како поддршка во учењето, а не како замена на наставата.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

#КОМЕНТАРИ

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО