Скандал со таблички: Фетаи на албански, Мицкоски на англиски – македонскиот јазик на одмор

Инцидентот на промоцијата на новите регистарски таблички, кога заменик-премиерот за добро владеење Арбен Фетаи одговори на албански јазик на прашање поставено на македонски, продолжува да ја бранува јавноста. Откако новинарите го предупредија дека не користи македонски, Фетаи само кусо возврати: „Знам, али јас на албански ако може.“

Реакциите не изостанаа, а денеска премиерот Христијан Мицкоски застана во одбрана на својот заменик, нагласувајќи ја неговата „врвна биографија и образованието на светско ниво“. Мицкоски откри дека со Фетаи најчесто комуницираат на англиски јазик, бидејќи тој уште како дете – на шестгодишна возраст – заминал од Македонија.

Премиерот истакна дека Фетаи зборува четири странски јазици и дека во последните месеци посветено се обидува да го совлада и македонскиот. Според Мицкоски, не станува збор за негова намера да испрати политичка порака или да предизвика поделби, туку за практична пречка во моментот.

ИНТЕРЕСНО:  Кривични пријави против градоначалници на опозицијата

„Единствената грешка беше што ако реши да одговара на албански јазик, требаше да обезбеди преведувач,“ рече премиерот, додавајќи извинување до новинарите и уверување дека слични ситуации нема да се повторуваат.

Со ова, Мицкоски се обиде да ја затвори полемиката и да ја намали политичката тежина на настанот, иако дел од опозицијата и експертската јавност сметаат дека случајот отвора прашања за почитувањето на службените јазици и транспарентноста во комуникацијата со јавноста.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

#КОМЕНТАРИ

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО