Вицепремиер во Владата одби да одговори на македонски јазик

Вицепремиерот задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, кој доаѓа од редовите на ВЛЕН – коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ во актуелната Влада – предизвика бурни реакции откако денеска на прес-конференција одби да одговара на новинарски прашања поставени на македонски јазик.

Настанот предизвика негодување кај дел од присутните новинари, но и во јавноста, бидејќи станува збор за висок владин функционер задолжен за ресор што подразбира транспарентност, отчетност и директна комуникација со граѓаните.

Постапката на Фетаи се толкува како политички сигнал и дополнително отвора прашања околу употребата на службените јазици во институциите, како и односот на власта кон македонскиот јазик како официјален државен јазик.

ИНТЕРЕСНО:  „ДУИ алармира: ‘Српскиот свет’ ја презема Македонија преку Алта банка – политичка операција со Вучиќ и Мицкоски во игра!“

Иако тој е дел од владина коалиција која постојано ја нагласува важноста на демократијата и отчетноста, неговиот однос на настанот остави впечаток на избегнување и затворање кон медиумите. Засега, од кабинетот на вицепремиерот нема официјално појаснување зошто се одлучил на ваков потег.


Напомена: Ставовите, мислењата и изнесените тврдења во објавените текстови се исклучиво на авторите или на засегнатите лица и организации, и не го одразуваат официјалниот став на екипата на ВАРДАРСКИ МК (vardarski.mk).

Следете нѐ на Фејсбук ОВДЕ

ИНТЕРЕСНО ОД ИНТЕРНЕТОТ

ОСТАНАТО

#КОМЕНТАРИ

Квалитет на воздух

error: КОПИРАЊЕТО Е ЗАБРАНЕТО